Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Париз и натаму се дави во смет, комуналците веќе две недели штрајкуваат (ВИДЕО)

28 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Штрајкуваат и работниците за чистење. До утрово во Париз се насобраа осум илјади тони ѓубре. Сега бројката е уште поголема. Фигуративно, Париз е претрупан со ѓубре. Црните вреќи покриваат некои улици и формираат мали ридови.

Кога и како ќе заврши не се знае.

Премиерката Елизабет Борн, која во неделата почнувајќи од 3 април треба да прими парламентарни групи и политички партии, вклучително и опозицијата, како и претставници на компании за да ја „смири земјата“, во неделата рече дека реформата е прифатена и го „продолжува својот пат“ до Уставниот совет, кој ќе даде свое мислење, по што претседателот на Републиката „треба да го потпише законот“, како што е предвидено во Уставот.

Протести и насилство ја потресуваат земјата од 16 март, кога спорната реформа за покачување на старосната граница за пензионирање за две години, од 62 на 64, беше прифатена без гласање во Националното собрание.

Последниот протест одржан во четвртокот мобилизираше меѓу 1 и 3,5 милиони луѓе, велат изворите, а незадоволството ескалирало и излезе од контрола на некои места. Во Париз демонстрантите се судрија со полицијата и на многу места беа подметнати пожари.

Минатиот четврток, министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин за телевизијата CNews во петокот изјави дека 457 лица биле уапсени, а 440 припадници на безбедносните сили биле повредени. Во Париз демонстрантите предизвикаа околу 900 мали пожари, а пожари имало и пред градското собрание во Бордо и полициската станица во Лориен.

Тој рече дека денеска во земјата ќе бидат распоредени околу 13.000 припадници на безбедносните сили, од кои 5.500 ќе бидат во Париз.

Тој ги повика луѓето на „воздржаност“, имајќи предвид дека на денешните протести и штрајкови се очекуваат од 650.000 до 900.000 луѓе. Само во Париз се очекуваат околу 100.000 луѓе. Метрото и железничкиот сообраќај ќе бидат прекинати, соопшти парискиот оператор РАТП.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ