Папата изрази „сочувство и загриженост“ за роднините на жртвите од пожарот во Швајцарија

2.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папата изрази „сочувство и загриженост“ за роднините на жртвите од пожарот во Швајцарија

Поглаварот на Римокатоличката црква изрази сочувство и загриженост за семејствата на жртвите, соопшти државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

- Папата сака да изрази сочувство и загриженост за роднините на жртвите. Тој го моли Господ да ги прими починатите во своето царство на мир и светлина и да им даде храброст на оние што страдаат во телото и духот, се вели во пораката испратена од кардиналот Паролин до епископот на Сион, Жан-Мари Лови.

Градот Сион се наоѓа во швајцарскиот кантон Вале, каде што е и Кран-Монтана. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата