Пакистан се надева дека разговорите меѓу САД и Иран ќе бидат конструктивни

11.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пакистан се надева дека разговорите меѓу САД и Иран ќе бидат конструктивни

Пакистански медиуми јавија дека во Исламабад пристигнала американската делегација, предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс.

Доцна синоќа беше најавено пристигнувањето на иранската делегација, предводена од претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф и министерот за надворешни работи Абас Арагчи, во пакистанскиот главен град.

Министерот Дар уште еднаш ја нагласи желбата на Исламабад да продолжи да им помага на страните да најдат трајно и стабилно решение за конфликтот, се вели во соопштението од пакистанското Министерство за надворешни работи.

Околу 190 странски новинари се акредитирани за следење на разговорите во Исламабад, соопшти пакистанското Министерство за информации и телекомуникации. Новинарите ќе работат од конференцискиот центар „Мохамед Али Џина“. Пристапот до „црвената зона“, каде што се наоѓа комплексот владини згради, е блокиран, поради што властите обезбедија автобуси за новинарите до конференцискиот центар.

Иранската агенција Тасним јави дека информациите на Си-Ен-Ен дека разговорите меѓу Иран и САД ќе траат неколку дена не се точни.

Според дописникот на Тасним во Пакистан, моменталниот план предвидува дека, доколку се одржат разговори, преговорите би можеле да траат еден ден. Исто така, се забележува дека Иран моментално ја проценува другата страна пред да започне дијалогот, додека распоредот сè уште може да се промени.

Преговорите би можеле да започнат вечерва, а засега се разгледува форматот на краток, еднодневен состанок. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата