Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

10.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

- Индија нападна со ракети врз базите 'Нур Хан', 'Мурид' и 'Чоркот'", изјави портпаролот на армијата генерал-потполковник Ахмед Чхаудри.

Портпаролот прецизира дека ракетите испукани од Индија не погодиле цели на територијата на Пакистан.

Како резултат на нападот, воздушниот простор на земјата ќе остане затворен за сите летови од 03:15 до 12:00 часот по локално време, соопштија пакистанските воздухопловни власти. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата