Откриени вистинските трошоци за напад врз Иран – и тие се огромни

28.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Откриени вистинските трошоци за напад врз Иран – и тие се огромни

Според проценките доставени до Конгресот, американската војска потрошила 29 милијарди долари за муниција, додека 6,1 милијарда долари биле издвоени за замена на оштетени или уништени летала, оружје и опрема.

Дополнителните трошоци од последната проценка, претставена пред законодавците минатиот месец, изнесуваат околу 3,5 милијарди долари за период од околу шест недели.

Воздухопловните сили потрошиле 7,6 милијарди долари за операции на ескадрили од ловци и бомбардери, Морнарицата потрошила 1,5 милијарда долари за распоредување воени бродови, а Копнената војска потрошила 2,1 милијарда долари за одржување на силите во регионот.

Повеќе од 50.000 американски војници се распоредени во воената мисија.

Проценката не ги вклучува 1,5-те милијарди долари за гориво и други трошоци, кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги побара во дополнително барање за финансирање на воени активности, како и трошоците за обнова на американските воени објекти оштетени во иранските напади.

Претставници од Конгресот предупредија дека обновата на тие објекти би можела да чини десетици милијарди долари.

Администрацијата на Трамп и секретарот за одбрана Пит Хегсет бараат дополнителни воени средства во износ до 70 милијарди долари, за покривање на трошоците за војната, како и за финансирање ново оружје и персонал. Пентагон соопшти дека во војната загинале 18 американски војници, додека повеќе од 860 биле ранети.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата