Откажани повеќе од илјада летови кон дестинации во Блиски Исток

2.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Откажани повеќе од илјада летови кон дестинации во Блиски Исток

Веќе трет ден по ред е затворен најпрометниот меѓународен аеродром во Дубаи.

Според најновите податоци од утрово се откажани 1.239 летови, а „Емиратс ерлајнс“ со седиште во Дубаи, „Етихад ервејз“ со седиште во Абу Даби и „Катар ервејз“ со седиште во Доха, заедно откажаа стотина летови.

„Ер Индија“ вчера откажа летови од „у Делхи, Мумбај и Амритсар за поголемите градови во Европа и во Северна Америка.

Во саботата, кога почнаа американско-израелските напади врз Иран беа откажани приближно 2.800 летови, а 3.156 беа откажани вчера.

Нема летови во воздушниот простор над Иран, Ирак, Кувајт, Израел, Бахреин, Обединети Арапски Емирати и Катар. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата