Осуммина Албанци вчера се уапсени во Брисел поради атентат на главниот обвинител, денеска се ослободени

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осуммина Албанци вчера се уапсени во Брисел поради атентат на главниот обвинител, денеска се ослободени

По речиси четири и пол месеци строго доверлива истрага, вчера беа уапсени осум Албанци, а 18 адреси беа претресени во врска со наводниот заговор за атентат врз обвинителот Жулиен Моинил, објави РТЛ. Сепак, денеска канцеларијата на федералниот обвинител објави дека истражен судија на крајот ги ослободил уапсените поради недостаток на „доволно сериозни докази“.

„По нивното сослушување, истражниот судија одлучи да ги ослободи, сметајќи дека во оваа фаза нема доволно сериозни докази за издавање налог за апсење“, се вели во соопштението на обвинителството.

Федералното обвинителство додаде дека истрагата е во тек, како и анализата на запленетите предмети.

„Не е можно да се дадат дополнителни коментари во оваа фаза од истрагата“, соопшти обвинителството.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата