Остри критики од Ердоган за американското вето на резолуцијата на СБ на ОН за прекин на огнот

9.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Остри критики од Ердоган за американското вето на резолуцијата на СБ на ОН за прекин на огнот

- За жал, прекинот на огнот (во Газа) беше отфрлен ... само со гласовите на САД против него, рече Ердоган на состанокот за човекови права во Истанбул.

Ердоган ги обвини и Вашингтон и Советот за безбедност на ОН дека се на страната на Израел и покрај влошувањето на хуманитарните услови во Газа, пренесува ДПА.

- Можен е праведен свет, ама не со Америка, обвини Ердоган. - Невозможно е човештвото да напредува со овие Обединети нации, со овој Совет за безбедност на ОН, рече тој понатаму.

Турскиот лидер ја осуди, како што рече, „непоколебливата поддршка“ на западните земји за израелските „масакри во Газа“.

Исламскиот конзервативец Ердоган е отворен поддржувач на палестинската кауза и го отфрла етикетирањето на милитантната група Хамас како терористичка, наспроти европските земји и САД. Тој вели дека станува збор за група на отпорот, ослободително движење. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата