Оштетена трафостаница во Одеса, руски напади и врз други делови на Украина

9.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Оштетена трафостаница во Одеса, руски напади и врз други делови на Украина

Компанијата што стопанисува со станицата соопшти дека чека одобрување од армијата за да почне со поправка на инсталацијата, но тоа засега не е можно поради тоа што областа е речиси постојано под руски оган.

Во серија воздушни напади извршени во текот на ноќта во регионот на Запорижје едно лице е убиено, додека повеќе од 40 пати областа Дњепропетровск била цела на руски напади со дронови и артилериско орудие. Информации за напади има и од Словјанск, Донјецк, Херсон и Суми.

Во рускиот регион Краснодар, остатоци од паднати дронови усмртиле еден човек на балкон од станбена зграда североисточно од Новоросијск, соопшти гувернерот Венјамин Кондратјев.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата