Саи Варшит Кандула (20) од Сент Луис, се изјаснил за виновен во мај по една точка од обвинението за намерно предизвикување повреда или кражба на имот во САД во инцидент што се случи на 22 мај 2023 година, пренесува NBC News.
Канцеларијата на американското обвинителство во Вашингтон соопшти дека неговата цел била „да ја собори демократски избраната влада на Соединетите држави за да ја замени со диктатура водена од нацистичка идеологија“.
Тоа беше помалку „план“, а повеќе збир на ирационални мисли поврзани со заедничка нишка“, изјави адвокатот на обвинетиот.
Indian national Sai Varshith Kandula has been sentenced to 8 years for attempting attack on White House
— DNA (@dna) January 17, 2025
Read Here: https://t.co/hFyvRbn4oX#DNAUpdates | #SaiVarshithKandula | #WhiteHouse pic.twitter.com/m5JsgQgAHo
По апсењето, на обвинетиот му била констатирана шизофренија. Кандула, индиски државјанин кој добил зелен картон за престој во Соединетите држави, удрил со камион во портата на раскрсницата во близина на Белата куќа, соопштија обвинителите.