Делегација на Партија за еднаквост и демократија на народите (ДЕМ) имала тричасовна средба со Оџалан, кој преку писмен апел, нагласи дека „курдскиот фактор, во сите негови димензии, мора да биде вклучен во правниот систем на Република Турција и за ова мора да се воспостави стабилен процес на транзиција“.
- Демократската интеграција на која сме на прагот денес е и локална и универзална. За да се движиме кон позитивен развој, од витално значење е секој да дејствува со чувствителност, сериозност и чувство на одговорност во овој процес, наведе Оџалан.
Турција и ПКК во октомври 2024 година почнаа индиректни преговори, а на 1 март Курдската работничка партија објави прекин на огнот, а во мај ПКК беше распуштена.
Оџалан е осуден на 26 години затвор, а казната ја отслужува на островот Имрали во близина на Истанбул. ПКК ја почна својата борба во 1984 година со цел да се создаде етничка татковина за Курдите.
Според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во борбите загинале 50.000 луѓе, меѓу кои и 2.000 војници. Исто така, тоа ја чинеше турската економија милијарди долари. Како дел од процесот на помирување помеѓу борците на ПКК и Турција, турските власти формираа и посебен парламентарен комитет за следење на процесот на разоружување на ПКК.

