Обвинителскиот тим, предводен од Чо Еун Сук, исто така побара од Централниот окружен суд во Сеул да го осуди поранешниот министер за одбрана Ким Јонг Хјун на 25 години затвор под истото обвинение, пренесе агенцијата Јонхап.
Според обвинителството, испраќањето на дронот во октомври 2024 година имало за цел да предизвика реакција на Северна Кореја, што би послужило како изговор за неуспешниот обид за воведување воена состојба два месеци подоцна.
Обвинителите тврдат дека операцијата со дронови ги зголемила воените тензии со Пјонгјанг и дека, по падот на дронот, постоел ризик од откривање чувствителни воени информации.
Ова судење е еден од осумте процеси што се водат против Јун откако тој беше сменет минатата година поради прогласување воена состојба.
Адвокатите на поранешниот претседател истакнаа дека нивниот клиент ги негира обвинувањата и дека тој изјавил оти не презел никаква акција која би можела да предизвика воен конфликт со Северна Кореја. Се очекува Централниот окружен суд во Сеул да донесе одлука за овој случај во текот на наредниот период.

