Новата јапонска премиерка Санае Такаичи се надева на „златна ера“ за безбедносната алијанса со САД

28.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новата јапонска премиерка Санае Такаичи се надева на „златна ера“ за безбедносната алијанса со САД

Зборувајќи на почетокот на самитот со американскиот претседател Доналд Трамп во Токио, Такаичи рече дека двете земји го развиле „најголемиот сојуз во светот“ и дека заедно со САД, Јапонија е подготвена да придонесе за глобалниот мир и стабилност.

Трамп ја пофали Такаичи, која е премиерка само една недела, за итното зајакнување на воените капацитети на Јапонија, пренесува германската агенција. 

„Ги добивме вашите нарачки за големи количества нова воена опрема“, рече Трамп.

Такаичи минатата недела објави планови за зголемување на јапонскиот буџет за одбрана на два отсто од бруто домашниот производ (БДП) до март, две години пред предвидениот рок. Таа го опиша безбедносниот сојуз со САД како „камен-темелник“ на надворешната и безбедносната политика на Јапонија, потсетува ДПА.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата