„Денес, Индија и Пакистан постигнаа договор за прекин на огнот и прекин на воените операции“, рече министерот за надворешни работи Субрахманјам Џајшанкар.
„По долга ноќ преговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на целосен и итен прекин на огнот. Честитки до двете страни за нивниот здрав разум и интелигенција“, објави Трамп на неговата социјална мрежа Трут Соушл.
„Индија постојано го одржуваше својот силен и бескомпромисен став против тероризмот во сите негови форми и ќе продолжи да го прави тоа“, објави Џајшанкар на Икс.
„Пакистан отсекогаш се стремел кон мир и безбедност во регионот без да го загрози својот суверенитет и територијален интегритет“, објави пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар на Икс, цитиран од ДПА.
Примирјето беше договорено меѓу шефот на воените операции на Пакистан и неговиот индиски колега во телефонски разговори попладнево, изјави за новинарите индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри.
„Шефовите на воените операции ќе разговараат повторно на 12 мај. Не е донесена одлука за започнување други разговори меѓу двете страни за други теми“, наведе извор од индиската влада.