Нимиц: Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот

17.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нимиц: Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот

Во Атина почна дводневна меѓународна конференција по повод шест годишнината од Договорот од Преспа, со кој земјава го смени уставното име во Северна Македонија, и така се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Конферецнијата е организирана од институтот Алексис Ципрас и фондацијата Зоран Заев, а присутни се актуелни и поранашни политичари и дипломати.

-До компромис е тешко да се дојде, но кога ќе дојдете до компромис, лесно е на другите луѓе од двете страни да кажат „ако бев јас таму ќе завршев подобра работа“ или „овој компромис повеќе и служи на другата страна“.  Живееме во опасен период, живееме во реалниот свет, и во реалниот свет имаме договори, па луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат тие договори. Не можеме да живееме во светот на фантазијата, не можеме да живееме во виртуелен свет, изјави Нимиц.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата