Нетанјаху тврди дека ќе се спротивстави на формирањето на каква било палестинска држава

16.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху тврди дека ќе се спротивстави на формирањето на каква било палестинска држава

 Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, еден ден пред гласањето во Советот за безбедност на ОН за американската резолуција што ја остава отворена можноста за палестинска независност, денеска изјави дека ќе се спротивстави на сите обиди за формирање палестинска држава.

Тој пред Владата додаде дека со децении го блокира секој напредок кон палестинска државност и дека ниту внатрешниот ниту надворешниот притисок не го вознемируваат.

- Не ми требаат ничии потврди, твитови или предавања, наведе Нетанјаху.

Тој посочи и оти планот на американскиот претседател Доналд Трамп предвидува демилитаризација на Појасот Газа и разоружување на Хамас.

- Тоа ќе се случи на полесниот или потешкиот начин, истакна Нетанјаху.

Мировниот план на Трамп од 20 точки вклучува клаузула во која се наведува дека доколку има реформи во Палестинската самоуправа, „конечно може да се создадат услови за кредибилен пат кон палестинско самоопределување и државност, што го признаваме како аспирација на палестинскиот народ“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата