Нетанјаху: Ќе се зголеми безбедноста во израелските мисии

22.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху: Ќе се зголеми безбедноста во израелските мисии

Во соопштение од неговиот кабинет, Нетанјаху вели дека е „шокиран од ужасното антисемитско убиство“, додавајќи дека бил информиран за деталите од израелскиот амбасадор во САД и од американската јавна обвинителка Пем Бонди, која пак изјавила дека Америка ќе го изведе убиецот пред лицето на правдата.

Нетанјаху ѝ се заблагодари на Бонди и на американскиот претседател Доналд Трамп „за јасното спротивставување на антисемитизмот“.

- Сведоци сме на ужасната цена на антисемитизмот и дивите провокации против Државата Израел“, вели Нетанјаху. „Крвните клевети против Израел нè чинат крв и мора безмилосно да се бориме против нив.“

- Моето срце ја чувствува болката на семејствата на младата двојка, чии животи беа прекинати од гнасен антисемитски убиец. Наредив да се зајакне безбедноста во израелските дипломатски мисии низ светот и околу претставниците на државата, додаде тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата