Во видео изјава, Нетанјаху рече дека денеска телефонски разговарал со „нашиот пријател“ Трамп.
- Трамп верува дека постои шанса да се искористат масивните достигнувања на ИДФ (израелските одбранбени сили) и на американската војска со цел да се постигнат целите на војната преку договор — договор кој ги штити нашите витални интереси – рече Нетанјаху.
Во исто време, како што пренесе Тајмс оф Израел, Нетанјаху нагласи дека Израел „продолжува со нападите во Иран и во Либан“.
- Ја уништуваме ракетната програма и нуклеарната програма и продолжуваме силно да го удираме Хезболах. Пред само неколку дена елиминиравме уште двајца нуклеарни научници, а нашата рака е сè уште подадена, рече Нетанјаху.

