Неочекувана средба во Париз: Макрон ја прими Камала Харис, познато е за што разговарале

20.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неочекувана средба во Париз: Макрон ја прими Камала Харис, познато е за што разговарале

Како што е наведено, средбата се одржала на приватен начин, како кратка средба од учтивост, на која присуствувал и сопругот на Камала Харис, а која Макрон повремено ја организира на барање на поранешни државни лидери, објавува бриселскиот портал Политико.

Француските медиуми претходно објавија дека Макрон и Харис требало да вечераат заедно, што Елисејската палата првично го потврди, но подоцна објави дека ќе се одржи само приватна средба.

Според бриселскиот медиум, средбата се одржала по убедливата победа на демократите на изборите за Конгресот во САД и во време на зголемени несогласувања меѓу Париз и Вашингтон во врска со мировните преговори за војната во Украина.

Односот на Макрон со сегашниот американски претседател Доналд Трамп, кој ја победи Харис на претседателските избори во 2024 година, помина низ различни фази во последните години, а двајцата лидери неодамна разменија остри коментари во врска со немирите во Франција, додава порталот.

Трамп и неговите сојузници ги поврзаа немирите со неконтролираната имиграција, што Макрон ја опиша како „глупост“.

За разлика од неговиот однос со Трамп, односот на Макрон со Харис се смета за значително подобар.

Според медиумските извештаи, Харис не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД на изборите во 2028 година.

Макрон, од друга страна, ќе ја напушти претседателската функција во мај следната година, бидејќи францускиот Устав не му дозволува да служи трет последователен мандат.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата