Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

„Нема лидери во Европа, ТИЕ СЕ БИРОКРАТИ ВО БРИСЕЛ СО ГОЛЕМИ ПЛАТИ“

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Привлечноста на ЕУ постепено се намалува и тоа не е добро, а креаторите на ЕУ беа лидери и знаеја што сакаат. Денес, извинете, не гледам вистински лидери ниту во Европа, ниту во светот, тие се бирократи во Брисел со големи плати, но не гледам резултати. Наместо да се забрза влезот на земјите кои чекаат и да им се помогне што поскоро да влезат во ЕУ, апелот на ЕУ постепено исчезнува, рече Месиќ.

Ова го истакна поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, кој вчера заедно со претседателот Стево Пендаровски учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, споделувајќи мислења за енергетските и политичките состојби и предизвици со кои се соочува земјата и регионот.

– Сите земји од Западен Балкан се на непотребно долг пат кон членство во Европската Унија. Македонија одамна требаше да биде членка на ЕУ и затоа го повикувам претседателот на Европската комисија да направи се што е можно за земјите од Западен Балкан што поскоро да влезат во Европската унија и да покажат поголема емпатија за граѓаните од овој дел од светот. Од примерот на Украина видовме дека патот кон Европа мора да биде побрз, додаде тој.

Според Месиќ, наједноставната порака до земјава е исполнување на стандардите и условите на Европската унија за да се забрза нејзиниот пристап во ЕУ.

Сегашната Европа во ЕУ, оцени тој, е малку уморна од приклучување, а земјите кои не се дел од ЕУ се уморни од чекање.

 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ