Нема крај на трагедиите во Шпанија: Девет луѓе се најдени мртви во гаража во Валенсија (ВИДЕО)

31.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема крај на трагедиите во Шпанија: Девет луѓе се најдени мртви во гаража во Валенсија (ВИДЕО)

Градоначалничката на Валенсија, Марија Хозе Катала, изјави дека една од жртвите бил локален полицаец.

Тоа веројатно значи дека бројот на жртвите во разорните поплави надмина 140, но се уште се чека официјално соопштение од надлежните.

Да потсетиме, десетици лица се уште се водат како исчезнати, а на терен има илјадници припадници на Одделот за вонредни состојби, полицијата, армијата и доброволци кои трагаат по исчезнатите и им помагаат на настраданите.

Фотографиите кои доаѓаат од Валенсија се апокалиптични. Материјалните штети што ги предизвикаа овие поплави се немерливи, а надлежните предупредуваат дека се уште не е готово, бидејќи на подрачјето се очекуваат нови врнежи.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата