Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

НАТО за нападите на Русија: Украина има право да се брани

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Да потсетиме, Украина во вторникот изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва.

„Руската агресивна војна против Украина е јасно кршење на меѓународното право, додека правото на самоодбрана е во повелбата на ОН. Путин и Русија ја започнаа оваа војна и тие можат да ја прекинат. На тој начин може да дојде мирот и стабилноста“, додаде шефот на НАТО.

Никој не беше убиен за време на нападот на Москва. Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека две лица се повредени, од кои едно е хоспитализирано. Рускиот пратеник Максим Иванов рече дека тоа е најсериозниот напад врз Москва од нацистичките напади за време на Втората светска војна, велејќи дека ниту еден граѓанин сега не може да избега од она што е „нова реалност“.

Украина јавно не призна дека извршиле напади врз цели во Русија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ