Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Насилни протести во Грузија, откако владата ги прекина преговорите со ЕУ (ВИДЕО)

29 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Демонстрантите извикуваа „предавници“ и носеа фотографии од новинари за кои тврдат дека вечерва биле претепани од полицијата, јавува Би-Би-Си.

На протестите полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, а власта тврди дека се уапсени 43 лица.

Повеќе од 100 дипломати и државни службеници во Грузија потпишаа отворено писмо во кое тврдат дека одлуката на владата не е во согласност со стратешките интереси на земјата.

@c4news Violent protests have erupted in Tbilisi after Georgia’s government suspended EU membership talks until 2028. The ruling party Georgian Dream are accused of being pro-Russian - which they deny. #Tbilisi #Georgia #GeorgiaDream #Kobakhidze #EU #Russia #C4News #Channel4News ♬ original sound - Channel 4 News

Бранејќи го својот потег, премиерот Иракли Кобахиџе ја обвини ЕУ за „уцена“ откако европските пратеници побараа повторување на минатомесечните парламентарни избори во Грузија. Како причина тие наведоа „значителни неправилности“.

Грузија е управувана од 2012 година од Грузиски сон, партија за која критичарите велат дека се обидела да ја оддалечи земјата од Унијата и да се доближи до Русија.

Партијата победи на изборите минатиот месец, но опозициските пратеници го бојкотираат новиот парламент, тврдејќи дека е извршена изборна измама, а претседателот Саломе Зурабишвили го нарече еднопартискиот парламент „неуставен“.

Вчера, Европскиот парламент ја поддржа резолуцијата која ги опишува изборите како последна фаза од „ескалацијата на демократската криза“ во Грузија и тврди дека владејачката партија е „целосно одговорна“ за тоа.

Резолуцијата изразува особена загриженост во врска со извештаите за заплашување гласачи, купување и манипулација на гласови и вознемирување на набљудувачите.

Европскиот парламент, исто така, повика на санкции против премиерот на Грузија и други високи функционери, вклучително и милијардерот и основач на владејачката партија, Бидзина Иванишвили.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ