Најмалку шест лица загинаа во судир меѓу миксер за бетон и минибус во Турција

8.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку шест лица загинаа во судир меѓу миксер за бетон и минибус во Турција

Според првичните информации на државната новинска агенција Анадолија, во несреќата што се случила во Бурдур има и неколку повредени лица.

Засега остануваат нејасни причините поради кои двете возила се судриле на патот меѓу Испарта и Анталија.

Службите за итна помош веднаш биле испратени на местото на настанот за да им помогнат на настраданите. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата