Најмалку двајца загинати во две експлозии и пожар во дом стари лица во близина на Филаделфија

24.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку двајца загинати во две експлозии и пожар во дом стари лица во близина на Филаделфија

Почната е интензивна потрага по жртви во урнатиот дел од зградата, соопштија официјални лица.

Центарот за итни случаи во округот Бакс вчера непосредно по 14 часот по локално време добил информација за експлозија во која биле повредени лица во домот за стари лица Силвер Лејк во Бристол, место оддалечено околу 33 километри од Филаделфија.

Шефот на тамошната противпожарна служба, Кевин Диполито, изјави дека во моментов пет лица се водат како исчезнати, додека неодреден број преживеани се повредени.

Тој рече дека голем број пациенти и персонал биле извлечени од урнатините, блокираните скалишта и заглавени лифтови, а пожарникарите влегле во урнатиот подрум и извлекле најмалку уште две лица на безбедно место пред да се повлечат среде испарувањата од гас.

„Ги зедовме сите што можевме да ги најдеме и видиме и излеговме од зградата. За околу 15 до 30 секунди откако излеговме, знаејќи дека околу нас се чувствува силен мирис на природен гас, се случи уште една експлозија и пожар“, рече Диполито.

Пет часа по инцидентот, тој рече дека пожарникарите и спасувачите сè уште го третираат пребарувањето како операција за спасување и дека е донесена тешка опрема за да помогне во отстранувањето на поголемите парчиња урнатини.

Точниот број на пациенти и персонал што биле во зградата во времето на инцидентот е моментално непознат, но се знае дека објектот има лиценца за 174 кревети.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата