Како што пренесе ДПА, во поплавите се повредени 11 лица, соопшти виетнамската агенција за цивилна одбрана.
Обилниот дожд во централниот регион продолжи и денеска, особено во туристичките дестинации како Хуе, Да Нанг и Хои Ан, според Националниот центар за хидрометеоролошка прогноза.
Во градовите Хуе и Да Нанг денеска се очекува наврнат повеќе од 400 милиметри, со што вкупните врнежи во регионот ќе достигнат до 1.600 милиметри во изминатите два дена.
- Се очекува дождот да се намали в четврток, но нивото на водата сè уште е многу високо, се очекува да се повлече за два дена, изјави за ДПА локалниот жител Хоанг Нго Ту До.
Во Хуе, некогаш кралски град, улиците се поплавени, а жителите користат чамци за движење. Нема струја, а училиштата беа принудени да затворат.
Историските поплави потопија 32 од 40 комуни и квартови во Хуе, погодувајќи 35.000 домаќинства, додека во Да Нанг се поплавени над 75.000 домаќинства.

Армијата мобилизираше повеќе од 6.000 офицери и војници за евакуација на 3.238 луѓе во градот Хуе.
Крајбрежниот град Хои Ан, познат по своите шарени фенери и заведен како светско наследство на УНЕСКО, е делумно под вода, а туристите газат во вода до колена.

