Најмалку десетмина загинати во пукотница во затвор во Мексико (ВИДЕО)

9.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку десетмина загинати во пукотница во затвор во Мексико (ВИДЕО)

Насилството ескалираше за време на редовните посети, потврди Секретаријатот за јавна безбедност на државата Синалоа.

Според официјалните податоци, девет затвореници и еден цивил кој бил во посета ги загубиле животите. Сите 16 повредени се затвореници и се префрлени во болница на лекување.

Воспоставена контрола

Локалните медиуми јавуваат дека затворениците користеле огнено оружје во конфликтот. Властите сè уште не објавиле повеќе детали за самиот настан. Федералната служба за безбедност објави дека Националната гарда интервенирала и воспоставила контрола во затворскиот комплекс, во кој се сместени 1.800 затвореници.

Насилството е чест проблем во мексиканските затвори. Многу од нив се преполни и под силно влијание на организирани криминални групи, првенствено нарко-картели.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата