Најмалку 50 лица, меѓу кои 33 деца, загинаа во напад на паравоени сили во Судан

6.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 50 лица, меѓу кои 33 деца, загинаа во напад на паравоени сили во Судан

Според соопштението објавено доцна синоќа, ова бил „втор неочекуван напад“ со дрон во градот.

Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем, но прекинот на комуникацијата во таа област го отежнува известувањето.

Нападот се случи во екот на борбите меѓу паравоената група Сили за брза поддршка и суданската армија, кои се во војна повеќе од две години. Борбите во последно време се концентрирани во државите Кордофан, богати со нафта. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата