Најмалку 31 лице загина во воздушен напад на хунтата врз болница во Мјанмар

11.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 31 лице загина во воздушен напад на хунтата врз болница во Мјанмар

„Ситуацијата е ужасна. Има 31 мртовец и мислиме дека ќе има уште. Исто така, има 68 ранети и ќе има уште“, рече хуманитарниот работник Ваи Хтун Аунг, додавајќи дека нападот се случил во среда вечерта во општа болница во државата Ракхин, во близина на границата со Бангладеш, објави „Ле Фигаро“.

Портпаролот на хунтата не одговори на барањата за коментар.

Аналитичарите велат дека хунтата ги интензивирала воздушните напади во Мјанмар откако ја презеде власта со државен удар во 2021 година.

Војската закажа парламентарни избори за 28 декември, претставувајќи го гласањето како можен излез од конфликтот.

Сепак, бунтовниците велат дека ќе спречат изборите да се одржат на териториите што ги контролираат, а кои хунтата се обидува да ги врати.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата