Најмалку 29 загинати во израелски воздушни напади врз Газа

31.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 29 загинати во израелски воздушни напади врз Газа

Четиринаесет лица загинале во напад врз полициска станица во населбата Шеик Радван, во северниот дел на градот Газа, изјави за ДПА портпаролот на агенцијата Махмуд Басал.

Според него, уште седум лица загинале во јужниот дел на Појасот Газа, откако била погоден шатор во кој биле сместени внатрешно раселени лица.

Израелската армија соопшти дека извршила напади врз команданти и инфраструктура на, како што ги нарече, терористичките организации Хамас и Исламски џихад во Газа. Меѓу целите, според војската, имало складиште за оружје, работилница за оружје и две лансирни позиции на Хамас.

Информациите не можат независно да бидат потврдени, наведува ДПА.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата