Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Најмалку 29 лица загинаа во пожар во Истанбул, издадени налози за апсење на пет лица

2 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Најмалку 29 лица загинаа во пожар што избувна за време на дневни поправки во ноќен клуб во Истанбул, јавија локалните медиуми.

Најмалку осум лица се повредени, од кои седум се во тешка состојба, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.

Кабинетот на гувернерот соопшти дека пожарот избувнал во квартот Бешикташ во центарот на Истанбул на европската страна на градот.

Пожарот избувнал за време на реновирање на ноќен клуб лоциран на кат-1 и-2 во 16-катница на улицата Јилдиз Поста, во населбата Гајретепе.

Министерот за правда Јилмаз Тунч на Х соопшти дека се издадени налози за апсење на пет лица, вклучително и три лица кои раководеле со ноќниот клуб и еден одговорен за реновирањето.

Во тек е истрага на лице место и прибирање докази, а тим од тројца експерти специјализирани за заштита при работа и пожар исто така продолжуваат со работа за утврдување на причините за пожарот, додаде тој. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ