Најмалку 24 загинати во поплавата во Тексас, се трага по 25 девојчиња од детски камп

5.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 24 загинати во поплавата во Тексас, се трага по 25 девојчиња од детски камп

 По десетици лица се трага, а меѓу нив се наоѓаат и над 20 девојчиња кои се наоѓале во летнИОТ камп на бреговите на реката Гвадалупе – потврди вицегувернерот Ден Патрик. Националната метеоролошка служба на САД прогласи вонредна состојба поради ненадејните поплави во делови од округот Кер во југо-централниот дел на Тексас, Хил Кантри.

-Реката се издигна 8 метри за 45 минути.

Во кампот Мистик имаше над 750 деца. Во моментот над 20 недостасуваат. Тоа не значи дека се изгубени. Можеби се НА некое дрво, можеби се недостапни за комуникација.

Патрик информираше дека некои од телата се пронајдени во автомобили кои биле однесени од водата, а во спасувачката акција се вклучени околу 500 спасувачи и 14 хеликоптери, а учествува и Националната гарда на Тексас и Крајбрежната стража на САД. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, пак, прогласи вонредна состојба и вети поддршка со сите расположливи ресурси.

-Ги имаме најдобрите експерти во светот во потрагата и спасувачката мисија.

-Тие ќе продолжат (да бараат) и во текот на ноќта. Ќе продолжат и во утринските часови кога изгрева сонцето. Тие нон-стоп ќе бараат за да го најдат секој кој недостасува.

Властите соопштија дека досега спасени се околу 240 лица, но предупредија дека бројот на загинти може да порасне бидејќи спасувачките операции се во тек. Во одредени делови во Тексас нема електрична енергија и интернет, а жителите се известени да се евакуираат на повисоки места.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата