Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во училиште на северот на Нигерија

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во училиште на северот на Нигерија

Во пожар што избувна синоќа во исламско училиште во градот Кауран Намода во државата Замфара, Нигерија, загинале ученици на возраст меѓу седум и 17 години, додека 12 се пренесени во болница со сериозни изгореници, соопшти полицијата, пренесе Ројтерс.

Абубакар рече дека истрагата е во тек за да се утврди причината за пожарот.

Хусаини Адаму, кој загубил две деца, рече дека пожарот започнал во блиската куќа и се проширил во исламското училиште.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата