Зимската бура „Ферн“ погоди делови од САД во петокот, носејќи ретки снежни врнежи во Тексас и Оклахома пред да се придвижи кон исток, објавува „Дејли меил“.
Огромниот временски систем натрупа над 30 сантиметри снег во најмалку 17 држави, од Ново Мексико до Њу Хемпшир, а најтешките врнежи се регистрирани во езерото Бонито, Ново Мексико, каде што се регистрирани над 80 сантиметр снег, според Националната метеоролошка служба.
Снежната бура донесе и најтешки снежни врнежи во Бостон за речиси четири години, носејќи над половина метар снег низ поголемиот дел од регионот.
Метеоролозите на AccuWeather сега проценуваат дека бурата ќе ги чини САД помеѓу 105 и 115 милијарди долари, што ја прави најскапата временска катастрофа од пожарите во Лос Анџелес минатата година.
Winter Storm Fern wreaks havoc across US causing $100 billion in damages as 17 states are blanketed with one foot of snow, leaving 16 dead https://t.co/blwv9oQYi3 via @DailyMail
— Climate Realists🌞 (@ClimateRealists) January 26, 2026
Оваа проценка вклучува штети врз домовите и бизнисите, нарушувања во трговијата и синџирите на снабдување, загуби во туризмот, влијание врз превозните операции, финансиски загуби од продолжени прекини на електричната енергија, големи доцнења во сообраќајот и штети во инфраструктурата.
До рано наутро денеска, речиси 830.000 луѓе беа без електрична енергија, според PowerOutage.us, кој ги следи прекините на електричната енергија низ целата земја. Во меѓувреме, повеќе од 11.500 летови вчера беа откажани во САД, а повеќе од 3.500 беа откажани до денеска наутро, според FlightAware.
Речиси 136 милиони Американци од Јужните рамнини до североисток останаа под предупредување за студено време преку ноќ, бидејќи температурите остануваат од 10 до 40 степени под просекот, според NBC News.

