Началникот на локалната полиција, Ризван Пател, изјави дека спасувачите сè уште ги расчистуваат урнатините за да пронајдат преживеани, јавија американските медиуми. Неколку лица се повредени, а операцијата за спасување е во тек.
Повеќето домаќинства во Карачи користат природен гас за готвење, но многумина се потпираат и на боци со ЛПГ поради нискиот притисок на природниот гас.
Ова не е прв случај на експлозија на гас во Пакистан. Во јули осум лица загинаа во слична експлозија во куќа во Исламабад за време на свадбен прием, потсетуваат медиумите.

