Најмалку 12 загинати и десетици исчезнати во свлечиште на речен брег во Перу

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 12 загинати и десетици исчезнати во свлечиште на речен брег во Перу

Трагедијата се случила рано денеска во регионот Укајали, пишува Би-Би-Си.

Според полицискиот извештај што го објави новинската агенција Андина, свлечиштето го потопи фериботот и сериозно оштети друг патнички брод што превезувал десетици луѓе. Несреќата се случила околу 5 часот наутро по локално време, токму кога патниците се подготвувале да се истоварат во градот Ипарија.

Повредените се однесени во болница, додека националната полиција и перуанската морнарица го пребаруваат подрачјето за преживеани. Се стравува дека меѓу исчезнатите има и деца. Како што изјавил за АФП официјален претставник на морнарицата на Перу, спасувачките напори се многу отежнуваат од силните речни струи.

Националниот центар за итни операции објави на социјалната мрежа X дека лизгањето на земјиштето е предизвикано од „ерозија“ на бреговите на реката Укајали, една од главните притоки на Амазон. Според агенцијата АФП, на еден од бродовите имало околу 50 лица.

Меѓу патниците имало наставници, лекари и деца, јавува Ројтерс повикувајќи се на агенцијата Андина. Властите на местото на несреќата работат со собраните семејства за да го утврдат точниот број на лица кои сè уште се водат како исчезнати. Еден од бродовите вчера отплови од Пукалпа кон речните заедници Како Макаја, Куријака дел Како и Пуебло Нуево дел Како.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата