Агенцијата за животна средина (EАA) претходно издаде предупредување за поплави за 91 област во јужна и југозападна Англија, како и во Источен и Западен Мидлендс.
До утрово, EAA издаде вкупно 261 предупредување за поплави, при што големи делови од Англија се во опасност.
Предупредување за лоши временски услови е издадено и за 11 области во Велс.
Противпожарната служба на Ворикшир предупреди дека „поради обилни и продолжени дождови денеска, нивото на реката Дин се искачи на ниво каде што поплавите се неизбежни“.
Во четвртокот, Метеоролошката служба (МНО) соопшти дека југозападна Англија и јужен Велс го регистрирале својот највлажен ден во годината од почетокот на 2026 година.
Двата региона забележале 50 отсто повеќе врнежи од дожд од просекот за јануари и значителна влажност, соопштија метеоролозите.
Се очекува јужните крајбрежни области на југозападна Англија и јужен Велс денеска да бидат погодени од пороен дожд, соопшти Метеоролошката служба.

