Над 200.000 луѓе на протест во Минхен против екстремната десница

8. 02. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 200.000 луѓе на протест во Минхен против екстремната десница

Многу повеќе луѓе од очекуваното се појавија на протестот одржан во Терезиенвизе, каде што секоја година се одржува Октоберфест, објави АП.

Организаторот на протестот процени дека се собрале до 320.000 луѓе, од кои многумина носеле транспаренти против екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) како „Расизмот и омразата не се алтернатива“.

Протестот, кој беше мирен, е поддржан од активистички групи, Филмскиот фестивал во Минхен, црквите и минхенските фудбалски клубови ФК Баерн и ТСВ 1860, меѓу другите.

АфД, која постои 12 години, влезе во парламентот во 2017 година, благодарение на одлуката на тогашната канцеларка Ангела Меркел две години претходно да дозволи влез на голем број мигранти во земјата.

Екстремно десничарската, антиимигрантска Алтернатива за Германија е на второто место во анкетите пред изборите закажани за 23 февруари.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата