На Куба починаа 33 лица, од кои над 20 деца од болести што ги пренесуваат комарци

3.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Куба починаа 33 лица, од кои над 20 деца од болести што ги пренесуваат комарци

Заменичката министерка за здравство на Куба, Карилда Пења, изјави на државната телевизија дека повеќето од смртните случаи се поврзани со чикунгунија, болест што предизвикува висока температура и силна болка во зглобовите, додека денга треската, која е слична на грипот, одзеде 12 животи.

Вирусот чикунгунија се појави во јули во западната покраина Матанас, но брзо се прошири во сите 15 покраини на земјата со 9,7 милиони луѓе, објави Гардијан.

Според американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), симптомите на чикунгунија вклучуваат висока температура, силна болка во зглобовите и замор, и се појавуваат три до седум дена по каснувањето од заразен комарци.

Повеќето луѓе се опоравуваат во рок од една недела, иако болката во зглобовите понекогаш може да трае со месеци или години. Смртните случаи се ретки, а новороденчињата, постарите лица и хронично болните се особено изложени на ризик.

Во исто време, Куба се соочува и со епидемија на денга треска, која се прошири бидејќи земјата, како што пишува „Гардијан“, поминува низ тешка економска криза придружена со недостиг на вода, храна, гориво и лекови.

Локалните власти сега велат дека епидемијата излегла од контрола поради „лошата хигиена, насобраното ѓубре“ и зголеменото складирање на вода во резервоарите поради периодични прекини во снабдувањето со вода за пиење.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата