Училиштето Ал Хозини, кое се наоѓа во градот Сидоарџо во Источна Јава, околу 770 километри источно од главниот град Џакарта, се урна кога темелите не можеа да ги издржат градежните работи на горните катови, предизвикувајќи уривање на структурата врз десетици ученици кои се молеа, заробувајќи ги под урнатините, објави Ројтерс.
Абдул Мухари, портпарол на агенцијата за ублажување на катастрофи, изјави дека 59 лица се уште се заробени, врз основа на список на отсуства од училиште и извештаи за исчезнати лица поднесени од семејствата.
Спасувачите денеска не пронајдоа знаци на живот откако ги повикаа имињата на жртвите и користеа детектори за движење и скенери за да регистрираат движење или витални знаци, изјави за Ројтерс функционерката на агенцијата за пребарување и спасување, Ејми Фризер.
Во препознатливи портокалови униформи, спасувачите газеа низ тесни тунели за да ги пронајдат учениците заробени под урнатините, според фотографиите дистрибуирани од агенцијата.
Доцна синоќа, Џуди Брамантџо, директор за операции на агенцијата, изјави дека вкупниот број на жртви во уривањето достигна шест, иако државната агенција за ублажување на катастрофи во четвртокот го изнесе бројот на пет.
„Не смееме да дозволиме нашите мисли да талкаат. Можеби сè уште има надеж за нашите браќа“, рече Брамантџо.
Денеска беше употребен кран за да се подигнат лесни, неповрзани остатоци, рече Фризер.
Ал Хозини е исламско училиште познато локално како песантрен. Индонезија, земјата со најголемо муслиманско население во светот, има вкупно околу 42.000 песантрен, во кои учат 7 милиони ученици, според Министерството за верски работи.
Чекајќи со други загрижени родители собрани околу табла на која се наведени преживеаните, 52-годишниот Ахмад Иксан сè уште се надеваше дека неговиот 14-годишен син, Ариф Афанди, ќе биде пронајден. „Сè уште не сум слушнал ништо за мојот син“, рече тој. „Верувам дека мојот син е сè уште жив“.

