Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање

Конзервативниот лидер доби 310 гласа во 630-члениот Бундестаг, шест помалку од потребното мнозинство.

Како што јави ДПА, шокантниот резултат е голема непријатност за Мерц, чија идна коалиција – составена од Христијанските демократи (ЦДУ), баварската Христијанска социјална унија (ЦСУ) и централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) – има 328 места во 630-члениот Бундестаг, долниот дом на германскиот парламент.

Според Основниот закон, де факто уставот на Германија, пратениците имаат 14 дена да изберат канцелар со апсолутно мнозинство.

Последователно, ќе биде потребно само обично мнозинство за да се избере канцелар.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер потоа ќе има седум дена формално да го назначи избраниот кандидат за канцелар, или наместо тоа, да го распушти Бундестагот и да распише нови избори. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата