- Заедно со нашите партнери сме решени да ја браниме територијата на Алијансата од каква било агресија. Безбедноста на нашите балтички сојузници е и наша безбедност, наведе Мерц.
Тој потенцира дека е потребно да се зајакнат европските одбранбени капацитети на долг рок и да се прошири капацитетот на одбранбената индустрија.
Според него важно е единството во НАТО за справувањето со Русија.
- Цврсто стоиме со Украина, но исто така заедно сме како Европејци како целина и играме како тим со САД секогаш кога е можно, истакна Мерц, кој ќе ги посети и германските војници во Литванија.
Германската армија формираше и трајно стационира цела бригада во главниот град на Литванија, Вилнус. На 1 април официјално е формираа новата 45-та оклопна бригада, која треба да го обезбедува источниот крило на НАТО – како одговор на руската агресија во Украина.
Оклопна бригада во Бундесверот до крајот на годината треба да брои 5.000 војници, околу 50 тенкови, како и лесно оклопни извидувачки единици, инженерски вод, вод за расчистување на мини и логистика за одржување на опремата и грижата за војниците. Тоа е преседан во историјата на Бундесверот, бидејќи предвидено е бригада трајно да биде стационирана во Литванија.
Литванија, со население од околу три милиони, е сместена помеѓу руската енклава Калининград и рускиот сојузник Белорусија, со која дели граница долга речиси 680 километри.