„Минатиот пат се сретнавме со потпретседателот на САД во Рим на инаугурацијата на папата Лав, а денес повторно се среќаваме на церемонијата на отворање на Олимписките игри. Овие два настани илустрираат систем на вредности што ги поврзуваат Европа и Соединетите Американски Држави, што го поврзуваат Западот, што очигледно е темелот на нашата соработка, нашето пријателство и иднината што сакаме да ја изградиме заедно“, рече Мелони на средбата со Ди Венс, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
На средбата присуствуваа и американскиот државен секретар Марко Рубио и министерот за надворешни работи Антонио Тајани.

