Мелони внимателна за ограничениот прекин на огнот во Украина

19.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мелони внимателна за ограничениот прекин на огнот во Украина

Трамп за време на двочасовниот телефонски разговор вчера  се согласи со неговиот руски колега Владимир Путин за прекин на огнот ограничен на енергетската инфраструктура, како што се електрани, трансформатори или гасоводи.

Американскиот претставник Стив Виткоф синоќа изјави дека Вашингтон сака 30-дневно примирје, кое Киев допрва треба да го прифати, додавајќи дека прекинот на огнот ја вклучува целата инфраструктура.

Меѓутоа, Кремљ денеска објави дека прекинот на огнот се однесува само на енергетскиот сектор, а не и на другата инфраструктура.

-Можноста за делумен прекин на огнот ограничен на стратешката инфраструктура на Украина би претставувала многу мало отворање според она што го договорија Трамп и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече италијанската премиерка во парламентот.

Украина, под притисок на Вашингтон, ја прифати идејата за безусловен 30-дневен прекин на огнот, што Москва го отфрли.

-Ги поддржуваме напорите на претседателот Трамп. Според мене, тој е силен лидер кој секако може да постави услови за да обезбеди праведен и траен мир, додаде италијанската премиерка, наведувајќи дека е важно да се добијат „безбедносни гаранции“ за Киев.

Џорџа Мелони е единствениот европски лидер кој присуствуваше на инаугурацијата на Трамп во јануари. Таа се обидува да избегне каква било критика кон него. Таа неодамна нагласи дека Италија нема да испрати сили за одбрана на можното примирје, оценувајќи дека тоа би било „ризично и не толку ефективно“./MИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата