Масовни протести во Иран – десетици загинати, гореа владини згради, земјата во интернет мрак

9.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масовни протести во Иран – десетици загинати, гореа владини згради, земјата во интернет мрак

Ескалираа протестите во Иран, а Исламската република се соочи со најжестоките антивладни нереди во поново време, првично иницирани од незадоволство поради економската состојба. Силното полициско присуство, апсењата ниту пак, ограничувањето на интернетот и телекомуникациските мрежи не ги одврати демонстрантите да излезат во десетици градови ширум земјата во се по отворен судир и барања за смена на режимот. Гореа и владини објекти.

Според информациите на групите за човекови права, до сега веќе има педесетина мртви и над 2.000 повредени, во десетиците градови. Протестите се дополнително охрабрени од Реза Пахлави, син на последниот Шах на Иран кој беше соборен по исламската револуција во 1979 година. Токму неговото име се почесто се слуша меѓу демонстрантите во Иран.

Пахлави кој редовно преку социјалните мрежи упатува повици за смена на режимот во Техеран, ја повика и иранската армија да застане на страната на демонстрантите.

„Прашањето повеќе не е дали Исламската република, корунпираниот и репресивен режим ќе падне или не. Единственото прашање е кога тоа ќе се случи, а тоа е поблиску сега од било кога. Во овие клучни моменти, очекувам војската да се врати кај народот и да не го користи оружјето против него, туку да го заштити.“ 

Американскиот претседател Трамп, во меѓувреме ги повтори заканите дека ќе интервенира со воени средства, доколку иранските власти почнат со масовни убиства на демонстранти. Трамп доби и одговор од Ајатолахот Хамнеи, кој му порача дека ќе биде соборен од власта. Во ретко обраќање, пред приврзаниците, Хамнеи вината за протестите ја префрли на странски елементи кои работат за САД и Израел.

„Им реков (на властите во Иран) дека ако им направат нешто лошо на овие луѓе, ќе ги удриме силно. / Значи ако има масовно убиство од иранските ајатоласи и тоа лидерство, се обврзувате кон народот на Иран дека ќе им помогнете? Го кажав тоа многу гласно и многу јасно, да тоа ќе го направиме.“

„Срцето на американскиот претседател е среќно. / Смрт за лицемерот, смрт за лицемерот. / тој човек (Трамп) што седи таму со ароганција и гордост, осудувајќи го целиот свет, тој треба да знае и дека сите деспоти и арогантни сили на светот, како фараонот Нимрод, Реза-Шах Пахлави, Мохамед Реза и слични. Тие беа соборени токму кога беа на врвот на својата гордост. И овој ќе биде соборен.“

Протестите во иран почнаа откако сопствениците на продавници излегоа на улиците на Техеран да го изразат своето незадоволство поради падот на иранската валута Ријалот во однос на американскиот долар, а инфлацијата се искачи на над 40 проценти.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата