Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

МАСКИРАНА БАНДА СО СЕКИРИ крши излог од златарница: ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН (Видео)

9 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Група маскирани разбојници ограбиле продавница за накит во Лидс пред очите на шокираните клиенти!

Драматичната снимка покажува маскирани насилници со секири и чекани како кршат излог вчера во 11:36 часот, а потоа мирно влегуваат во црн мерцедес 4х4 со торби полни со накит и злато. Теренецот тргнува, но запира по само неколку метри додека четвртиот член од бандата брза кон возилото.

Според пишувањата на локалните медиуми, по грабежот, крадците се обиделе да ја сокријат трагата оставајќи го мерцедесот и влегувајќи во порше. Но, полицијата цело време ги следела со хеликоптер. Набрзо се судриле и побегнале пеш.

– Црниот мерцедес 4х4 е пронајден напуштен, додека сребреното порше 911, исто така, е пронајдено напуштено откако учествувало во судир на патот Вајтхол во Лидс. Се претпоставува дека двете возила се украдени. Двајца мажи се уапсени и моментално се во притвор, соопшти полицијата во Западен Јоркшир.

 

 

Очевидец откри детали од полициската потера.

– Разбојниците се поделија во две групи и ги заменија автомобилите, но хеликоптерот веќе беше кренат. Сребрено „порше“ се удри пред мојата продавница, возачот побегна, но набрзо беше уапсен, изјавил сведокот.

 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ