Масакр за време на фудбалски натпревар: Вооружени луѓе упаднаа на теренот и почнаа да пукаат (ВИДЕО)

10.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масакр за време на фудбалски натпревар: Вооружени луѓе упаднаа на теренот и почнаа да пукаат (ВИДЕО)

Во строго чуваниот комплекс, познат по своите луксузни резиденции и високи безбедносни мерки, во среда вечерта (7 јануари) беше извршена професионална ликвидација во која загинаа три лица.

Новите снимки од безбедносни камери, кои се појавија, ги откриваат застрашувачките детали од нападот. Точно во 21:20 часот, група од најмалку 10 тешко вооружени мажи влегоа на спортскиот терен каде што во тој момент се играше рекреативен фудбалски натпревар.

Напаѓачите носеа униформи идентични со оние што ги користеа еквадорската полиција и армија, што предизвика конфузија во првите секунди. Со извици „Легнете ! Сите на подот!“, напаѓачите ги опколија преплашените цивили со долги цевки во рацете.

Главна цел на нападот беше Алијас Марино, висок водач на озлогласената криминална група „Лос Лагартос“. На видеото се гледа како еден од напаѓачите се приближува кон Марино, брутално го шутира во лицето, а потоа го гази по главата додека тој лежи беспомошен на вештачката трева.

Само минута подоцна, во 21:21 часот, се слушнаа првите рафали. Напаѓачите користеа оружје од голем калибар, а покрај Марино, на лице место беа убиени уште двајца мажи, додека неколку лица беа ранети и итно префрлени во болници.

Истражителите веруваат дека овој напад бил внимателно испланирана акција насочена кон „замолчување“ на водачот на „Гуштерите“ (Лос Лагартос). Марино беше познат по своите чести патувања во Дубаи и развиена мрежа за шверц на дрога во еквадорските пристаништа. Неговата ликвидација во зоната што се смета за „најбезбедна во земјата“ испрати застрашувачка порака до локалното подземје.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата