- Ако сакаат сериозно да разговараат за договорот за борба против трговијата со дрога, ние сме подготвени … Каде сакаат и кога сакаат, истакна Мадуро, во интервју за венецуелската државна телевизија, за идејата за дијалог со САД
Владата на Мадуро ниту го потврди ниту го демантираше американскиот напад врз пристаниште, за кое американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека служело за венецуелските бродови за шверц на наркотици.
Трамп на 29 декември изјави дека американските сили нападнале и уништиле пристаниште, без да прецизира дали тоа било воена операција или акција на ЦИА.
Ако таков напад се случил, тоа би бил прв копнен напад на американските сили врз Венецуела, по речиси 30 напади врз бродови во Карипско Море и Пацификот, при што загинаа над сто луѓе..
Администрацијата на Трамп го обвинува Мадуро дека раководи со наркокартел, додека Венецуела тврди дека САД сака да ја смени власта и да ги одземе венецуелските нафтени полиња.

