Мадуро денеска ќе се појави на суд, го чека обвинение за наркотероризам

5.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мадуро денеска ќе се појави на суд, го чека обвинение за наркотероризам

Мадуро се наоѓаше во притворскиот центар во Бруклин, од каде и двајцата пред окружен судија каде ќе се се соочат со обвиненијата за трговија со дрога и оружје. Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше колумбискиот претседател Густаво Петро, еден од најгласните противници на американската операција во Венецуела.

-Ние сме во „бизнис“ каде имаме земји околу нас кои се остварливи и успешни када нафтата слободно извира, и тоа е добро затоа што ги спушта цените. Тоа е добро за нашата земја(САД).Имаме многу „болен“ сосед, не е баш сосед но е близу до сосед. Тоа е Венецуела, и е многу „болен“ (сосед). Колумбија е „болен“(сосед), и водена од „болен“ човек кој сака да произведува кокаин и да го продава во САД. И дозволете ми да ви кажам, дека нема да го прави тоа уште долго.

Што значи тоа дека нема да го прави долго?

Нема д аго прави тоа долго. Има мелници за кокаин и фабрики за коакин. Нема да го прави тоа долго.

Дали ќе има „операција“ од страна на САД?

Ми звучи добро на мене.

Куба секогаш преживуваше поради Венецуела. Сега нема да има пари кои ќе им доаѓаат, нема да имаат приливи.-изјави – Доналд Трамп – Претседател на САД.

Трамп претходно и упати порака и на привремената венецуелска претседателка Делси Родригез, дека доколку не соработува, би можела да се соочи со полоша ситуација од заробениот Мадуро. Родригез која првичо со остар тон се обрати кон Вашингтон, сега побара дијалог со САД.

„Ја повикуваме американската влада да соработува со нас на агенда за соработка фокусирана на заеднички развој, во рамките на меѓународното право, за зајакнување на трајниот соживот во заедницата“....напиша таа.

Ширум светот и денеска се одржуваат протести пред амбасадите на САД против операцијата на Трамп но и прослави за симнувањето на Мадуро.

Извор: DRM News

Мислам дека е многу срамно, замислете ако претседател на САД беше киднапиран од страна на друга земја, која би била нивната реакција?

Среќен сум како и сите Венецуелци. Излегуваме од нешто што не полудуваше и што не принудуваше да ја напуштиме земјата.

Денеска се очекува и Советот за безбедност на ОН да одржи итен состанок на кој треба да се разговара за ситуацијата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата