- Сакам веднаш да кажам, и се надевам дека тимот на Трамп нема да се навреди, мировниот план е составен набрзина. Мора да биде претставен во разбирлив облик. Се мора да биде разработено до метар, километар, до последен детаљ, истакна Лукашенко на маргините на средбата на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Киргистан.
Тој наведе дека пред два дена разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за американскиот мировен план за Украина, при што му биле претставени две верзии од планот.
- Мораме да ја завршиме оваа војна. Се плашам дека во ова војна нема да има победник … Но, ако има победник, тоа нема да биде Европска Унија, ако Америка ја напушти, посочи Лукашенко.
Тој му се обрати и на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
- Ако сакате да ја задржите Украина во нејзините сегашни граници, мора да преговарате, а не да ги торпедирате преговорите. Размисли, тргнувајќи од реалната ситуација, како да го зачуваш тоа што го имаш. Имаш излез на море и Одеса која е твоја и Николајев, а тоа во еден момент може да исчезне. Затоа е потребно се добро да се измери и да се донесе добро промислена одлука, потенцира Лукашенко.
Според него, војната Украина ќе заврши набрзо.

